Божидар Чеков, писател од Бугарија што живее во Париз, со уникатен резон во однос на тоа дали Бугарите и бугарската армија биле фашисти(чки) во Втората светска војна во Македонија.
„За темата ‘фашизам’ нема место во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија. Бугарската армија не била ‘фашистичка’, туку бугарска. Дури и Вермахтот не е фашистичка армија, туку германска. Поради тоа, никој повеќе не го споменува овој термин пред Германците.
Што се однесува до двата победоносни похода на бугарската армија во Егејска и во Вардарска Македонија во текот на Балканската војна 1914 година и во Втората светска војна, во првите редови биле синовите и внуците на Илинден. Србите, на кои оваа провинција им била подарена од големите сили, ја нарекувале ‘Јужна Србија, која обухвата Вардарску и Зетску бановину’.
Бугарите им го вратиле достоинството на нејзините жители нарекувајќи ја Вардарска Македонија. Погодете кои се доброволците кои се бореа под знамето на ‘Четиринаесеттиот македонски полк’? Тие не се освојувачи или окупатори кои зазеле туѓи земји, туку мажи кои се вратиле на своите корени, мотивирани од вековната идеја за ‘Слобода на Македонија’. Не ги дочекуваат со расипани домати, туку со цвеќиња, песни, леб и сол, од луѓе кои зборуваат ист јазик како нив! Меѓу пречекувачите на бугарските војници се и нивните браќа, сестри или братучеди.
Малкутемина ‘Македонци’ во српската војска дезертирале и им се придружиле на Бугарите. Секој што тврди дека армијата и Бугарите се ‘фашисти’, на пат е да го дефинира и Илинденското востание како ‘фашистичко’, затоа што дедовците, децата и внуците на македонските Бугари се една целина!
Францускиот историчар Франсоа Фурие јасно и разбирливо ги опишува обидите на Скопје да ја преработи историјата еднострано, игнорирајќи ги диктаторските режими што владееја со народите на Балканот во тоа време и до неодамна. ‘Тајната на фасцинацијата со болшевизмот и фашизмот’, вели тој, ‘лежи во заедничкиот непријател – демократијата!’
Денес демократијата е присутна во Софија. Во Скопје ќе стане реалност само ако престане Титовата пропаганда. Кога политичарите користат контрааргументи и лаги за ‘спасот на Евреите’, на пример, се ставаат во улога на ‘краставичар кој продава краставици на – краставичари!’. Познавачите на холокаустот не се во Скопје, туку во Тел Авив и Ерусалим.
За да не станат за резил, критичарите на Бугарија од Северниот дел на Македонија треба да ги читаат книгите на најдобрите специјалисти за тоа што се случило, италијанскиот новинар Габриеле Нисим и Мишел Бар-Зохар, бугарски Евреин – поранешен пратеник на Кнесетот“, вели Чеков во својот коментар на Фејсбук насловен „Кои се бугарските ‘фашисти’?!“.
Божидар Чеков
04.01.2022
Вашият коментар